28 мај, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАНа Волстрит индексите и натаму под притисок на Brexit

На Волстрит индексите и натаму под притисок на Brexit

berza 33530056

На Волстрит во понеделникот цените на акциите остро паднаа, бидејќи пазарите сé уште не се смируваaт по одлуката на Британците да ја напуштат Европската унија.

Индексот Dow Jones се лизна за 1,50 отсто, на 17.140 поени, додека индексот S&P 500 потона за 1,81 отсто, на 2.000 поени, а Nasdaq индексот падна за 2,41 отсто, на 4.594 индексни поени.

Пазарите не се смируваат откако во петокот резултатите од референдумот покажаа дека Британците сакаат да излезат од Унијата. Во последните два дена S&P 500 индексот загуби 5,3 отсто, што е негов најголем дводневен пад во последните десет месеци.

Во петокот, според процените на Standard & Poor′s, на светските берзи се избришани повеќе од 2.000 милијарди долари пазарна вредност на акциите, што претставува нивна најголема дневна загуба во историјата.

Пазарите се во надолен тренд, бидејќи има уште неизвесности околу британското излегување од Унијата. Вложувачите стравуваат дека ќе дојде од намалување на инвестициите, слабеење на трговските трендови и заострување на финансиските услови, што би можело да му наштети на и онака слабиот раст на глобалната економија.

Инвеститорите во понеделникот се обиде да ги примири американскиот министер за финансии Џек Лу, велејќи дека не очекува финансиска криза поради одлуката на Британците. Призна, сепак, дека Brexit претставува дополнителен ветер в градите за американската економија.

Меѓу најголемите губитници се акциите на банките, бидејќи се очекува дека американската централна банка поради исходот од британскиот референдум ќе се воздржи од зголемувањето на каматите, што неповолно влијае врз работата на финансиската индустрија.

Така, KBW индексот на банкарскиот сектор потона во понеделникот за 5,1 отсто, при што акцијата на „Bank of America“ поевтини за повеќе од 6, а на „JPMorgan“ за повеќе од 3 отсто. Уште повеќе, во просек за 7,7 отсто, во понеделникот паднаа цените на европските банки.

Од друга страна, пак, ниските каматни стапки би требало да ги поддржат пазарите на капиталот. Со денови пред референдумот во Британија, цените на акциите растеа бидејќи вложувачите очекуваа одлука за останување на земјата во ЕУ, Поради тоа минатиот четврток индексот SA&P 500 се приближи на само 17 поени, или на 0,8 отсто, од рекордното ниво од мај минатата година. Меѓутоа, резултатите од референдумот ги фати вложувачите на „погрешна нога“, па последните два дена цените на акциите остро паднаа.

„Нема сомневање дека падот во петокот беше остар, но имајќи ја предвид неодамнешната кулминација на пазарите, не паднавме толку многу. Оттаму, и натаму постои потенција за дополнителен пад на цените на акциите“, вели Аарон Џет, потпретседател во компанијата „Bel Air Investment Advisors“.

На повлекувањето на вложувачите од пазарите укажува и големиот обем на тргувањето На американските берзи сопствениците во понеделникот ги заменија 10,5 милијарди акции, додека просечниот дневен обем во последните 20 дена изнесуваше 7,3 милијарди акции.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП