2 мај, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАДоминација на обврзниците на Македонска берза

Доминација на обврзниците на Македонска берза

mk berza

Трговската седмица седмица започна со поголема ликвидност на Македонската берза, при што беше остварен вкупен промет од нешто повеќе од 300 илјади евра.

Притоа индексот МБИ-10 имаше минимален раст од 0,01 отсто. Околу 95 проценти од прометот беше остварен со обврзници од денационализација.

За време на понеделничкото тргување имаше тргување со акции од само три компании. Тоа се акциите на Алкалоид со промет од 962 илјади денари која имаше раст на цената од 0,09 отсто и со која се истргуваа 192 акции по просечна цена од 5.012,00 денари.

Втори по промет беа акциите на Бетон Скопје со промет од скромни 85 илјади денари кои немаа промена на цената, а беа истргувани само 10 акции по просечна цена од 8.530,00 денари.

Конкретно, кај обврзнциите се тргуваше со десеттата, дванаесеттата, тринаесеттата, четиринаесеттата и петнаесеттата емисија. Хартија со најголем пораст беше обврзнциата од десеттата емисија со раст од 1,48 отсто, додека на спротивната страна најмногу од својата вредност загуби обврзницата од четиринаесеттата емисија со пад од 1,32 проценти.

Индексот ОМБ имаше пораст од 0,22 отсто.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП