20 април, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈААко Европејците не можат да работат во Британија, ниту Британците ќе можат...

Ако Европејците не можат да работат во Британија, ниту Британците ќе можат во ЕУ

Britanija-EU-735x400-e1464717156902

Доколку Велика Британија не дозволи неограничен пристап до својот пазар за труд за граѓаните на ЕУ, таа веројатно нема да има целосен пристап до пазарот на ЕУ, изјави ирскиот министер за финансии Мајкл Нунан.

Британскиот политичар и поддржувач на Брегзит, Борис Џонсон изјави дека Британија би можела да обезбеди полн пристап до пазарот на Унијата без потпишување на стандардот за слободно движење на работниците по заминувањето од тој блок, а врз основа на исходот од референдумот одржан минатата недела.

„Таа опција не е отворена, но гледам зошто Џонсон го изјавил тоа, иако ставовите се контрадикторни, тој на тоа всушност ја заснова кампањата“, изјави Нунан пред новинарите на конференцијата во Даблин.

Нунан објасни дека преседан е направен со Норвешка, кога оваа земја доби слободен пристап до пазарот, но Осло мораше да ги плати придонесите кои државите и ги плаќаат на Унијата и исто така мораше да обезбеди слободен пристап до својот пазар за труд.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП