16 април, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАЗавршена реконструкцијата на коритото на реката Поника во тетовско Доброште

Завршена реконструкцијата на коритото на реката Поника во тетовско Доброште

корито-мор

Министерот за животна средина и просторно планирање Башким Амети во понеделник присуствуваше на свечената церемонија по повод завршувањето на реконструкцијата на коритото на реката Поника во тетовското село Доброште, oпштина Теарце.

„Со оваа реконструкција очекуваме максимално да се намалат ризиците и штетите од можните идни излевања на водите на р. Поника од речното корито, да се врати сјајот на реката, да се заштити животната средина, но и да се обезбеди максимална заштита на локалното население од можните материјални штети и човечки загуби“, изјави по тој повод министерот Амети.

Имено, во август минатата година, како резултат на интензивните врнежи кои се резултат на климатските промени, реката Поника донесе крупен нанос (кал и камења) од горниот дел, со што ги доведе во опасност локалното население во селото Доброште и нанесе сериозни оштетувања на јавните објекти низводно. Рехабилитација на речниот тек низ селото се реализираше преку Проектот на УСАИД за Општински стратегии за климатски промени, имплементиран од страна на Милиеуконтакт Македонија во соработка со општина Теарце.

На настанот се обратија и амбасадорот на САД во Македонија, Џес Л. Бејли и извршниот директор на Милиеуконтакт Македонија, Игор Славкоски.

Вредноста на проектот изнесува околу пет милиони денари од кои четири милиони се обезбедени од преку УСАИД, а останатите се сопствено учество на општината.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП