5 мај, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАСрпските и македонските цариници одеднаш ќе ги контролираат возовите на „Табановце“

Српските и македонските цариници одеднаш ќе ги контролираат возовите на „Табановце“

граници

Во понеделникот, во Белград, Србија директорите на Царинските управи на Република Македонија и Република Србија, потпишаа Протокол за спроведување на Спогодбата помеѓу Владата на Република Македонија и Владата на Република Србија за утврдување на граничните процедури за железничкиот граничен премин Табановце – Прешево.

Протоколот претставува продолжение на царинската соработка на ново поле на заедничко делување во спроведувањето на граничните процедури.

Ова претставува подготовка за операционализација на Спогодбата помеѓу Владите на Република Македонија и Република Србија за утврдување на граничните процедури за железничкиот граничен премин Табановце – Прешево со која се предвидува заедничко вршење на царинските контроли на едно место од страна на двата органа истовремено, при единствено запирање на возовите за гранична контрола, со што се дава придонес кон забрзувањето на железничкиот сообраќај помеѓу двете држави, а воедно се обезбедува заштеда на средства за сите учесници во овој вид на сообраќај.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП