7 мај, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАМосковичи: Brexit нема да ја доведе ЕУ во рецесија

Московичи: Brexit нема да ја доведе ЕУ во рецесија

moskovici 99

Европската унија (ЕУ) располага со потребните алатки за да не дозволи да падне во рецесија. Ова го изјави еврокомесарот за економски и финансиски прашања, оданочување и царинска унија Пјер Московичи, цитиран од „Bloomberg“.

„Се уште постои несигурност, која треба да биде распрскана, но не гледаме сериозна мешаница или криза. Тоа не е пропаѓање на пазарите, па сите треба да бидат спокојни дека ситуацијата ќе биде земена во предвид сериозно и добро ќе се раководи со неа“, коментира тој во интервју за „Bloomberg“.

Минатата недела Британија гласаше за напуштање на ЕУ, што ги вознемири глобалните финансиски пазари на 24-ти јуни. Британската фунта беше подложена на масовна распродажба, а 2,5 илјади милијарди долари беа избришани од вредноста на глобалните берзи.

Премиерот Дејвид Камерон ја објави својата намера да се повлече. Ваквите повици беа упатени и кон претседателот на Европската комисија, Жан-Клод Јункер.

„Располагаме со инструментите, особено кога и централните банки соработуваат за да се обезбеди финансиска стабилност, со која ќе ги увериме пазарите и ќе обезбедиме ликвидност, ако треба“, рече Московичи.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП