6 мај, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАБританската фунта продолжи да паѓа

Британската фунта продолжи да паѓа

funta

Британската фунта денеска продолжи да паѓа, иако претходно по одлуката на референдумот за излегување на Велика Британија од Европската унија (ЕУ) веќе падна на најниското ниво од 1985 година.

Падот на фунтата ја одразува загриженоста на инвеститорите за економските последици од излегувањето на Велика Британија од ЕУ, како и очекувањата дека британската банка во месеците што следат ќе ги намали референтните каматни стапки.

Уште вечерта по референдумот фунтата почна да паѓа, за да падне на 31 годишниот минимум по прогласувањето на резултатите од референдумот.

Денеска падна за 1,6 отсто, на 1,32 долари.

Инвеститорите, исто така, се приклонија кон безбедните обврзници.

Приносот на 10 годишните британски обврзници падна под еден отсто првпат во историјата.

Приносите на обврзниците паѓаат со растот на нивните цени.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП