1 мај, 2024
ПочетнаКОМПАНИИЕК: VW на европските купувачи треба да им плати иста отштета како...

ЕК: VW на европските купувачи треба да им плати иста отштета како и на американските

вњњв

Германскиот автомобилски концерн Volkswagen (VW) и на европските сопственици на возила треба да им понуди сличен надомест каков што ќе им исплати на американските сопственици на неговите возила, изјави Елизабета Биенковска, комесарка на Европската комисија за внатрешен пазар и индустрија.

„VW би требало доброволно да им плати на европските сопственици на возилата надомест која би бил споредлив со оној што ќе им го исплати на американските купувачи“, рекла Биенковска во интервјуто за германскиот неделник Welt am Sonntag објавено во неделата.

Се очекува, имено, дека управата на германскиот произведувач на автомобили оваа седмица ќе постигне спогодба со американските регулатори на пазарот за исплата на речиси 10,3 милијарди долари отштета поради вградувањето во своите возила со дизел мотори на софтвер кој мамел на тестовите за емисија на штетните гасови.

Спогодбата со американските регулатори вклучува понуда за откуп на околу половина милион возила во САД со контроверзниот софтвер и плаќање на отштета на сопствениците на таквите возила просечно по 5.000 долари.

Според Биенковска, не би било во ред VW да ги третира поинаку европските купувачи од американските само поради разликата во законскиот систем.

„Поинаквиот однос кон европските потрошувачи во однос на американските, не би бил вистинскиот пат за враќање на довербата кај европските купувачи“, вели еврокомесарката за внатрешен пазар и индустрија.

Челниците на Volkswagen (VW) неодамна истакнаа дека, кога станува збор за европскиот пазар, ќе го отстранат нелегалниот софтвер на сите свои возила, но немаат никакви планови за евентуално обештетување на европските потрошувачи, тврдејќи дека тие не претрпеле никаква загуба.

Компанијата годинава веќе го удвои средствата резервирани за потребите за намирување на трошоците поврзани со скандалот, на 16,2 милијарди евра.

Во VW во септември минатата година признаа дека ги вградиле спорните уреди односно софтвер во дизелските мотори во САД. Потоа открија дека тоа се однесува на повеќе од 11 милиони автомобили и други возила ширум светот.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП