28 март, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАПо Брегзит - намалување на буџетот на ЕУ за 15 проценти

По Брегзит – намалување на буџетот на ЕУ за 15 проценти

eu-pare-1 (1)

Последица од излезот на Велика Британија од ЕУ ќе биде намалувањето од 15 проценти на годишниот буџет на Унијата по 2020 година, изјави денес комесарот на ЕУ за регионална политика Корина Крет.

„Регионалната политика е најблиска до луѓето, тоа е најочигледнo бидејќи прикажува колку европските фондови ги менуваат нивните животи, па така од оваа гледна точка сум многу загрижена бидејќи е јасно дека по излезот на Британија од блокот, вкупниот буџет на ЕУ по 2020 година ќе биде намален за околу 15 проценти“, изјави таа.

Комесарот на ЕУ за регионална политика, исто така, истакна дека Унијата сега е ангажирана со разговорите за повоторно доделување на средства за други приоритети, наместо регионалната полтика.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП