24 април, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАПристигнаа 250 илјади дози од вакцината против чвореста кожа

Пристигнаа 250 илјади дози од вакцината против чвореста кожа

goveda1

Пристигнаа 250 илјади дози од вакцината за превенција од болеста чвореста кожа кај говедата, информираат од Агенцијата за храна и ветеринарство.

Дистрибуирањето на вакцината до надлежните ветеринарни друштва, ветеринарните амбуланти и матичните ветеринари е во тек.

Според веќе изготвениот акциски план за превентивна вакцинација Агенцијата за храна и ветеринарство ќе започне со превентивното вакцинирање на сите говеда на територијата на цела Македонија за спречување на ширење на болеста чвореста кожа.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП