7 мај, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАGoldman Sachs: Велика Британија најверојатно ќе влезе во рецесија во почетокот на...

Goldman Sachs: Велика Британија најверојатно ќе влезе во рецесија во почетокот на 2017-та

ubaa 355

Велика Британија најверојатно ќе влезе во блага рецесија од почетокот на 2017-та година по гласањето за напуштање на Европската унија, прогнозираат економисти на „Goldman Sachs“ во извештајот од неделата, цитиран од „CNBC“.

Според нивните очекувања референдумот ќе доведе до пад на бруто домашниот производ (БДП) на Велика Британија со 2,75 процентни поени во следните 18 месеци поради кумулативниот ефект од „зголемената неизвесност и влошените услови за трговија“.

Прогнозата на „Goldman Sachs“ за растот на БДП-та на Велика Британија за оваа година беше 1,5%, што е за 0,5 процентни поени помалку во споредба со претходната прогноза. Очекувањата на банката се за раст на британската економија од 0,2% за следната година, што е намалување за 1,8 поени во однос на претходните проекции.

Според експертите постои веројатност условите за трговија во Обединетото Кралство да се влошат, а несигурноста долгорочно најверојатно ќе има ефект врз растот на краток рок, бидејќи компаниите ќе се воздржуваат од инвестиции.

Економистите на банката ја намалуваат и прогнозата за раст на светската економија за 0,1 процентни поени до 3,1% во 2016-та година.

Од банката ја намалија прогнозата за БДП-то на еврозоната за 0,5 процентни поени до 1,25% во следните две години во споредба со 1,5% пред референдумот од минатата недела. Економистите исто така го намалуваат и очекувањата за растот на американската економија во втората половина на 2016-та година – од 2,25% на 2%.

„Може да се наметнат понатамошни корекции кои ќе бидат во надолна линија, ако светските финансиски пазари се влошат или ако се случи поголема од очекуваната политичка и економска „зараза“ во други европски земји“, објаснуваат од банката.

Експертите на „Goldman Sachs“ гледаат три главни ризици како резултат на гласањето – условите за трговијата најверојатно ќе се влошат, бизнисите имаат тенденција да ги намалат инвестициите поради несигурноста, а финансиските услови ќе се затегнат како резултат на промените во девизните курсеви и пониски цени на ризичните средства.

Од „Goldman Sachs“ ги коментираат и можните решенија на централните банки. Според нив гласањето на референдумот ја одзел можноста за зголемување на каматните стапки од страна на ФЕД во јули. Тие сметаат дека централната банка на Англија ќе ја намали основната каматна стапка за 25 базични поени до 0,25% и ќе го олесни дополнително кредитирањето, додека централната банка на Јапонија може исто да ја намали каматната стапка во јули.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП