26 април, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАОланд и Меркел согласни околу постапките по британскиот референдум

Оланд и Меркел согласни околу постапките по британскиот референдум

меркел-оланд

Францускиот претседател Франсоа Оланд и германската канцеларка Ангела Меркел во телефонски разговор во неделата постигнале согласност околу „начинот на кој ќе ја третираат состојбата настаната по британскиот референдум“, соопштиле извори блиску до францускиот претседател, пренесуваат светските агенции.

Оланд и Меркел разговарале околу половина час и постигнале целосна согласност за начинот на кој ќе се третира состојбата настаната по британскиот референдум за излегувањето од ЕУ, се наведува во соопштението. Лидерите на Франција и Германија изразиле желба за транспарентно постапување за да не настане ни најмала несигурност, додал изворот.

Тие исто така се согласиле дека е потребно брзо да се реагира во однос на конкретните приоритети. Оланд во понеделник ќе се сретне со претседателот на Европскиот совет Доналд Туск, а потоа во Берлин ќе разговара со Ангела Меркел и премиерот на Италија Матео Ренци, во пресрет на самитот на ЕУ закажан за вторник и среда во Брисел.

Претставниците на ЕУ вршат притисок врз Велика Британија што поскоро да ја започне процедурата за излегување од Унијата, иако британскиот премиер Дејвид Камерон изјави дека тоа ќе му го препушти на својот наследник, кој ќе биде избран во октомври на конгресот на Конзервативната партија. Неименуван европски претставник изјавил дека Камерон во вторник нема да се појави на членот 50 од Лисабонскиот договор, кога треба да истече рокот за отпочнувањето на процедурата, даден од страна на претседателот на Европскиот парламент Мартин Шулц.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП