7 мај, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАИталија планира „инјекција“ од 40 милијарди евра за банките по Brexit

Италија планира „инјекција“ од 40 милијарди евра за банките по Brexit

efrici00

Италија подготвува план за стабилизирање на банкарскиот сектор, кој се претвори во ранлива цел, откако британското гласање за напуштање на Европската унија ги засили стравувањата од распродажба на пазарите на послабите економии во еврозоната, соопштуваат локалните весници.

Акциите на италијанските банки паднаа во петокот по резултатите од британскиот референдум, коментира „Ројтерс“. Цените на акциите на „UniCredit“ и „Intesa Sanpaolo“ опаднаа со над 20%. Банкарските вредности почнаа со покачување со стартување на денешната сесија, водејќи сметка силните флуктуации без јасно изразена насока.

Индустрија се смета за особено ранлива, бидејќи има лоши заеми за 360 милијарди долари, а тоа е една третина од сите необслужавани заеми во еврозоната.

Дневниот „Il Fatto Quotidiano“ пишува дека според планот Рим може да преземе удели во некои од банките, така што тоа ќе биде финансирано преку издавање на нов јавен долг за околу 40 милијарди евра.

Весникот наведува дека владата на премиерот Матео Ренци веќе води разговори со Европската комисија за можни мерки за поддршка на доверителите.

Два други весници – „Corriere della Sera“ и „La Repubblica“, пишуваат дека Италија ќе се обиде да ги искористи можните исклучоци од европските правила за државна помош во случај на „ексклузивни настани“, за да ги поддржи банките, ако акциите нагло продолжат да поевтинуваат.

Ренци треба да се сретне со францускиот претседател Франсоа Оланд и германската канцеларка Ангела Меркел во Берлин, во текот на денешниот ден, за да разговара за влијанието од гласањето за „Brexit“ и ќе побара поддршка за италијанските мерки, пишуваат уште весниците.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП