11 мај, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАЊујорк ќе продолжи ги да привлекува најбогатите луѓе во САД

Њујорк ќе продолжи ги да привлекува најбогатите луѓе во САД

new_york_1333

Супербогатите aмериканци, или оние со богатство од многу милиони, често се њујорчани.

„Големото јаболко“ може да се пофали со повеќе мултимилионери, од кој и да е било друг град во САД, како и со една од најголемите концентрации на богатите луѓе во светот, покажува новото истражување.

Според истата студија само Лондон, Токио и Сингапур имаат повеќе мултимилионери од Њујорк.

„Освен што ја има четвртата најголема популација од мултимилионери, Њујорк е и градот со најмногу милијардери во светот“, според Оливер Вилијамс, шеф на компанијата „WealthInsight“ која ја подготви студијата.

За целите на студијата, како мултумилионери се дефинирани оние кои располагаат со средства во вредност од 30 милиони долари или повеќе, а во нив не се вклучува основното живеалиште.

Американците кои одговараат на овој елитен профил, живеат претежно во Њујорк, Лос Анџелес, Чикаго или Хјустон.

Истражувањето, кое е изработено ја покрива 2015-та година, покажува дека „бројот на мултимилионери кои живеат во Њујорк, е зголемен на годишна основа и во моментов достигнува 3.028, или со 0.7% повеќе од претходната година“. Иако во Лос Анџелес нема промени, градот останува најголемиот конкурент на Њујорк со 969 мултимилионери. Њујорк сепак треба да внимава и на еден нафтен град од Тексас. Хјустон забележа најголем раст во бројот на супербогатите жители во последната година, и покрај падот на цените на нафтата. Мултумилионерите таму се зголемија за 2,4%, до 824 во 2015-та година, според истражувањето.

„Во наредните две или три години може да се очекува дека Њујорк ќе се искачи на листата и ќе го надмине Сингапур, дури и Токио“, според Вилијамс.

Според него Њујорк нуди политичка стабилност, силна економија, средина со жива уметност и сериозно приватно образование – работи кои претставниците на елитата ги бараат.

Градовите во кои бројот на мултимилионери се намалува многу во споредба со повеќето се Киев (-10.2%), Санкт Петербург (-7.9%) и Москва (-6.8%).

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП