18 мај, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАВелес за два месеца ќе добие модерна фитнес зона

Велес за два месеца ќе добие модерна фитнес зона

veles-fitnes

Директорот на Агенцијата за млади и спорт, Марјан Спасески и градоначалникот на Велес, Славчо Чадиев во неделата направија увид во градежните работи за изградба на фитнес-зоната, која е лоцирана во велешкиот Градски парк.

Таа е дел од новиот проект на АМС за изградба на 20 фитнес зони, ширум целата држава. Ќе се простира на површина од 180 квадратни метри, на гумирана подлога, а ќе се постави и урбана опрема (клупи и корпи за отпадоци), како и информативна табла за користење на справите.

Спасески притоа истакна дека Агенцијата за млади и спорт во експресен рок ги завршилазаконските процедури и изградбата на првите фитнес-зони започна три месеца пред предвидениот рок, иако нивниот старт беше најавен за октомври, годинава.

„Фитнес-зоните ќе бидат опремени со вкупно осум реквизити, со кои кќ може да се третира севкупната мускулатура на корисниците за да се дојде до подобра физичка кондиција и подобрена здравствена состојба. Реквизитите ќе бидат едностави и безбедни за употреба и за почетници, како и за искусни корисници, и заштитени од оштетувања при нормална употреба. Дизајнот на реквизитите предвидува повеќе истовремени корисници со што се зголемува капацитетот и искористеноста на просторот и реквизитите. Практично, фитнес- зоната ќе претставува класична теретана на отворено”, рече директорот на Агенциајта.

Потсети дека ова не е првиот, но, како што рече, нема да е ниту последниот проект на АМС во сферата на подобрување на спортската инфраструктура во Велес. Спасески притоа прецизираше дека само преку АМС во Велес се вложени повеќе од милион евра за изградба на фудбалското игралиште, за изградбата на четири тениски терени и на три повеќенаменски игралишта, а до крајот на годината ќе започне и реконструкцијата на покривот на спортската сала „Гемиџии“.

„Општината Велес е влезена и во проектот за изградба на 150 игралишта за ткн ‘стрит баскет’, за што веќе сме во тендерска процедура за избор на фирма којашто ќе го направи основниот проект. По изработката на проектот, ќе следи тендерска процедура за избор на Изведувач, а на почетокот на 2017 година се очекува да започнат со градба и овие проекти“, рече Спасески.

Градоначалник Чадиев сги истакна сите досегашни инвестиции во Велес од страна на Владата и АМС, и порача дека само на ваков начин се помага во психофизичкиот развој на младите и се води вистинска борба против пороците на модерното општество.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП