27 април, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАГрафик на денот: Колку изнесува личното богатство во светот?

График на денот: Колку изнесува личното богатство во светот?

bog svet 00

Личното богатство во азиско-пацифичкиот регион го надмина тоа во Северна Америка за прв пат во минатата година како резултат на силните економии и пазари на недвижности, се вели во извештајот на „Cap Gemini“, цитиран од „Bloomberg“.

Средствата на милионерите во азиско-пацифичкитe земји се зголемија за речиси 10% до 17,4 илјади милијарди долари, надминувајќи го износот од 16,6 илјади милијарди долари на Северна Америка, вели „Cap Gemini“. Благосостојбата на европските земји, пак, е зголемена за 4,8% до 13,6 илјади милијарди долари, а во Латинска Америка и Африка опаѓа, коментира консултантската компанија со седиште во Париз. Глобалното богатство во целина забележа раст од 4% до 58,7 илјади милијарди долари.

bog svet 01

Бројот на милионерите во Кина се зголемил за 16%, што е најголем раст во студијата. САД, Јапонија и Германија се уште имаат повеќе поединци со високо нето богатство, а бројот на американските милионери е над 4 пати повеќе од оној на кинеските.

bog svet 02

Се очекува Кина, САД и Индија да бидат главните мотори на раст на личните средства со висока нето вредност до 2025-та година, а дотогаш милионерите во целиот свет ќе поседуваат вкупно 106 илјади милијарди долари, се наведува во извештајот. Богатството во азиско-пацифичкиот регион ќе се зголеми со 142% до 42,1 илјади милијарди долари, но Блискиот Исток и Африка ќе бидат двата најбрзо растечки региони, вели „Cap Gemini“.

bog svet 03

Компанијата остварила истражувањето меѓу над 800 компании за управување со благосостојбата на 15 големи пазари. За лице со високо нето богатство се смета човек со инвестициски средства од најмалку 1 милион долари, без да се земе предвид основното живеалиште и одредени колекционерски и кориснички предмети, наведува компанијата.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП