3 мај, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАРахој: ЕУ сега треба да се фокусира на економијата

Рахој: ЕУ сега треба да се фокусира на економијата

marijanorahoj1

ЕУ треба да се фокусира на економскиот раст, работните места и интеграцијата, откако Британија одлучи да го напушти блокот, вели шпанскиот премиер Маријано Рахој.

„Сега, кога конечно излеговме од економската криза, мораме да го пренасочиме фокусот на Европската унија кон потребите на својот народ, со акцент на развојот и пораст на вработеноста“, изјави Рахој на конференцијата за новинарите.

Ројтерс пренесува дека Рахој истакнал дека поради овој резулат „сите држави членки мораат да размислат да го зајакнат духот на европскиот проект и заедничките интереси, симпатиите и привлечноста која граѓаните ја чувствуваат кон Унијата“.

Рахој додаде дека, без оглед на резултатите од изборите во Шпанија, неговата земја ќе остане посветена на европскиот проект.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП