7 мај, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈААмериканските вложувачи загрижени од Brexit, но не паничат

Американските вложувачи загрижени од Brexit, но не паничат

berza 33530056

Главите берзи во Северна и Јужна Америка го завршија со пад тргувањето во петокот, но тамошните вложувачи не покажаа панични реакции во врска британската одлука за напуштање на Европската унија.

На њујоршки Волстрит, индустрискиот индекс Dow Jones падна за 3,39 отсто, на 17,399,86 поени, индексот на високотехнолошките компании Nasdaq падна за 4,12 проценти, на 4.707,98 поени, а индексот на широкиот пазар S&P 500 се лизна за 3,6 отсто, на 2.037,30 индексни поени.

Канадскиот индекс S&P/TSX, пак, го затвори тргувањето последниот ден од седмицата во минус од 1,7 отсто, лизнувајќи се на 13.891 поени.

Индексот Bovespa на берзата во бразилски Сао Паоло, најголемата во Латинска Америка, се намали според конечните податоци за 2,8 отсто, додела аргентинскиот индекс Merval загуби 2,2 отсто, на 13.924 поени. Чилеанскиот индекс IPSA се намали за 1,4 отсто, на 3,965 поени, што претставува најголем дневен пад во последните три месеца, додека мексиканскиот индекс IPC во петокот падна за 2,7 отсто, на 44,885 индексни поени.

„Учесниците на пазарите имаа причини за загриженост… Ние, најверојатно, го гледаме слабиот раст и соодветната реакција на пазарот“, вели за Bloomberg Дин Маки, економист во њујоршката филијала на банката „Barclay’s“.

Резултатите од британскиот референдум кои покажаа победа на поборниците на излегувањето од ЕУ, кои беа соопштени во петокот утрото, беа потполни изненадување за пазарите кои претходно се надеваат на анкетите кои покажуваа залет на кампањата за останување во 28-члениот блок и нејзино благо водство, по што следеше тонење на берзанските индекси. Притоа аналитичарите очекуваат продолжување на турбуленции на берзите ширум светот.

Берзанските индекси во Европа во петокот го забележаа најголемиот дневен пад уште од кризната 2008 година, од 3 до 8 отсто, како резултат на победата на поддржувачите на излегувањето. Главните азиско-пацифички берзи, без јапонските, исто така, го завршија тргувањето во петокот во „црвената зона“, со пад до 8 отсто.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП