3 мај, 2024
ПочетнаКОМПАНИИGoogle има решение и за „животот после смртта“

Google има решение и за „животот после смртта“

google1

Компанијата „Google“ не сака вие да се грижите за тоа што ќе биде кога ќе умрете, барем не кога се работи за вашиот дигитален идентитет.

Имено, новата „Inactive Account Menager“ опција ви овозможува да одберете што ќе се случи со вашиот налог ако долг временски период не го користите.

Оваа опција е наменета за личностите кои сакаат да создадат некаква верзија на дигитален тестамент, но може да биде корисна и во некои помалку морбидни ситуации – на пример, ако сте спречени подолго време да го користите својот налог.

Корисниците можат да ги подесат своите преференци на „Google Account“ опциите и тука да го забележат рокот кога сакаат нивниот налог да биде суспендиран (3, 6 или 12 месеци).

Тогаш, на сите ваши контакти им се испраќа соопштение по желба, а во екстремни случаи, налогот се брише потполно.

Во случај на потполно бришење на сите податоци од „Gmail“, „YouTube“, „Google Drive“ и „Google +“ налозите ќе бидат избришани.

Сепак, опцијата е достапна само за лични налози и не се однесува на оние од „Google Apps“.

Компанијата „Google“ им е лојална на своите клиенти, од таму изјавија дека „корисниците на нејзините производи не треба да се грижат за ништо“, односно дека таа мисли и за нив.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП