17 мај, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАГ7 предупредува: Брегзит ќе предизвика економска и финансиска нестабилност во светот

Г7 предупредува: Брегзит ќе предизвика економска и финансиска нестабилност во светот

samit-g7-foto-ap-7-jun-2015-1462268240-898161

Министрите за финансии и гувернерите на централните банки на Групата седум индустриски најразвиени земји – Г7, предупредија на можни „несакани ефекти“ по економската стабилност поради евентуално претераните парични трансакции по одлуката на Британците да излезат од Европската унија.

„Свесни сме дека монетарната нестабилност и честата промена на курсот на девизниот пазар може да предизвика несакани ефекти по економската и финансиската стабилност“, се наведува во соопштението на Г7.

Централните банки на Г7 преземаа чекори за да се спречи недостатокот на ликвидност на Г7.

Гувернерот на Банката на Англија Марк Карни, изјави денес дека таа институција е подготвена да се соочи со очекувано нестабилниот пазар по одлуката на Британците да ја напуштат ЕУ.

Г7 ја сочинуваат Велика Британија, Франција, Канада, Германија, Италија, Јапонија И САД.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП