7 мај, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАПоради Brexit цената на златото 31 пат се менуваше на Тајланд

Поради Brexit цената на златото 31 пат се менуваше на Тајланд

zlato pracki

Цената на златото на пазарот во Тајланд се менуваше во петокот дури 31 пат, поради паниката во врска со резултатите од референдумот за излегување на Велика Британија од Европската унија.

Во четвртокот, 23-ти јуни, Британците со мнозинство, од 51,9 отсто наспроти 48,1 отсто, изгласаа нивната земја да истапи од Европската унија, што предизвика силни движења на финансиските пазари, што, пак, предизвика зголемена побарувачка на средствата кои се сметаат за сигурни засолништа за капиталот во несигурните времиња, меѓу кои е и златото.

Како резултат на 31-та промена на цената на скапоцениот метал во петокот на локалниот тајландски пазар, неговата вредноста се искачи од 1.280 на 1.320 долари за унца, пишува во петокот електронското издание на весникот Nation.

И покрај тоа што тајландската национална валута бат поевтини во однос на американскиот долар за само 0,4 отсто, во специјализираните продавници само за злато, на почетокот од трговскиот ден имаше преобемна побарувачка, пишува весникот.

Анкетираните аналитичари тоа го поврзуваат со паниката кај некои вложувачи предизвикана од резултатите на британскиот референдум, по што многу инвеститори започнаа со продажби на акциите и купување злато, поради стравот од остар пад на девизните курсеви на главните валути.

Тајландскиот берзански индекс SET (Stock Exchange of Thailand), во петокот загуби 0,5 отсто од вредноста. Тамошните власти, инаку, соопштија дека Brexit-то врз економијата на земјата ќе биде краткотрајно и нема да нанесе значителна штета.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП