22 мај, 2024
ПочетнаКОМПАНИИРиболовлев купи два острови од Оназис

Риболовлев купи два острови од Оназис

550018_Skorpios

Рускиот милијардер Дмитириј Риболовлев ги купи островите Скорпиос и Спарта кои внуката на починатиот грчки бродски магнат Аристотел Оназис ги огласи за продажба.

Формално островите ги купи една од компаниите на Риболовлев, која ја води ќерката на бизнисменот, Екатерина. Според информациите островите Риболовлев го чинеле околу 100 милиони долари.

Рускиот милијардер во последно време сака сите инвестиции да ги поврзува со името на својата ќерка, откако во 2008-та година неговата сопруга поднесе барање за развод и оттогаш редовно бара од судот да има дел од новите придобивки на нејзиниот поранешен сопруг.

Остров Скорпиос кој се наоѓа во Јонското Море, а е купен од Аристотел Оназис во 1962-та година за сума од 10 илјади фунти, на него има изградено три резиденции, хеликоптерска писта и пристаниште за јахти.

На тој остров се одржа венчавката со вдовицата на американскиот претседател Џон Кенеди, Жаклин, а таму се закопани самиот Оназис, неговата ќерка Кристина и неговиот син Александар.

Соседниот остров Спарта, Оназис го купил за Александар, кој загина во авионска несреќа на 25-годишна возраст.

Риболовлев на листата на списанието Форбс е поставен на 13-то место, а неговото богатство се проценува на 9.1 милијарди долари, а во 2011-та година постави рекорд за најскапо платена недвижност, кога за станот на неговата ќерка во Менхетен одвои 88 милиони долари.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП