ПочетнаЕКОНОМИЈАЕЦБ подготвена да реагира по британското напуштање на ЕУ

ЕЦБ подготвена да реагира по британското напуштање на ЕУ

ECB_2355219b

Европската централна банка(ЕЦБ) објави во петок дека е подготвена според потребата да ја зајакне ликвидноста во еврозоната со оглед на превирањата на финансиските пазари по британската одлука за излез од Европската унија(ЕУ).

„Со оглед на исходот на британскиот референдум ЕЦБ внимателно ја следи состојбата на финансиските пазари и е во близок контакт со другите централни банки“, се вели во соопштението на банката објавено во петок.

„ЕЦБ е подготвена по потреба да обезбеди дополнителна ликвидност, во евра и во странски валути“, се додава во соопштението.

Понатаму порачуваат дека банкарскиот систем во еврозоната е отпорен во поглед на капиталот и ликвидноста.

Курсот на фунтата нагло падна, а на светските берзи завладеа хаос откако Британците на вчерашниот референдум донесоа одлука за излегување од ЕУ.

ТРЕНДИНГ

ХОРОСКОП