27 април, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАКина: Велика Британија и ЕУ поскоро да се договорат

Кина: Велика Британија и ЕУ поскоро да се договорат

china kompani

Кина денеска ги повика Велика Британија и Европската унија (ЕУ) што поскоро да се договорат откако Британците гласаа за излегување од Унијата, а еден влијателен кинески државен дневен весник ја предупреди Велика Британија дека станува „мала земја“.

Портпаролката на кинеското Министерство за надворешни работи Хуа Чунјинг рече дека Кина го почитува изборот на британскиот народ и дека и натаму сака да продолжи да ги развива односите.

„Се надеваме дека Велика Британија и ЕУ брзо ќе постигнат договор. Просперитетна и стабилна Европа на сите им е во интерес“, рече Чунјинг.

На прашање за последиците за кинеските економски односи со Британија, таа рече дека „последици нормално дека ќе има“.

„Последици нормално дека ќе има на сите нивоа, не само за односите меѓу Кина и Британија. За тоа какви ќе бидат, верувам дека сите страни тоа можат мирно и совесно да го оценат“, додаде портпаролката на кинеското МНР.

Според неа, Кина исто така сака Европа да продолжи да игра проактивна улога во меѓународните работи.

„The Global Times“ беше уште поотворен.

„Овој референдум ќе биде веројатно пресуден настан што докажува дека Британија се движи кон тоа да стане мала земја со малку луѓе, отпишувајќи се самата невнимателно како безнадежен случај“, оценува весникот.

„Британската одлука да излезе од ЕУ ја извади првата цигла од зданието на глобализацијата“, пишува овој државен весник.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП