30 април, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАРусија: По Brexit, Москва се надева на подобра соработка со Британија

Русија: По Brexit, Москва се надева на подобра соработка со Британија

lavrov

Министерот за надворешни работи на Русија, Сергеј Лавров во петокот изјавил дека резултатот од референдумот за членството во ЕУ е внатрешно прашање на Велика Британија, пренесуваат светските агенции.

„Тоа е внатрешна работа на англискиот народ. Постојат аритметички податоци од референдумот. Тоа е волјата на народот на Велика Британија. Одлучете сами“, рекол Лавров, пренесува Спутник.

Запрашан да ја прокоментира изјавата на премиерот на Велика Британија дека резултатот од референдумот наводно ги издрадувал руските власти, Лавров нагласил дека „не завршил медицина и дека не сака да коментира медицински случаеви“.

Портпаролот на Кремљ, Дмитриј Песков изјавил дека Русија и Велика Британија имаат тежок товар во односите и дека руската страна се надева оти во новите услови ќе порасне сфаќањето за потребата за соработка.

„Тежок е товарот во билатералните односи со Велика Британија. Не можеме секогаш да ја потврдиме подготвеноста на дијалог и соработка со нашите британски партнери. Се надеваме дека во новите услови ќе преовладува сфаќањето од потребата за изградба на добри односи со нашата земја“, рекол Песков.

На прашањето дали излегувањето на Велика Британија од ЕУ ќе ја ослабне позицијата на оние кои ги поддржуваат санкциите против Русија, Песков рекол дека „без оглед на тоа дали Велика Британија е членка на Унијата или не, постојат различни гледишта во самата ЕУ во врска со политиката на санкции и во врска со ефикасноста на тие санкции“.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП