26 април, 2024
ПочетнаИНТЕРЕСНОРусите можат во Рио, само ако не се тестирани во Русија

Русите можат во Рио, само ако не се тестирани во Русија

рио2016

Атлетичарите кои ќе докажат дека не се „корупирани од рускиот допинг систем“ ќе им биде овозможено да учествуваат на Олимписките игри во Рио де Жанеиро, соопшти Меѓународната атлетска федерација (ИААФ).

Во соопштенито на ИААФ се наведува дека руските атлетичари кои ќе докажат дека се „чисти“, ќе можат да учествуваат на ОИ но не под националното знаме, туку под неутрални бои.

ИААФ, во петокот ја потврди, а Меѓународниот олимписки комитет ја поддржа одлуката за суспензијата за руските атлетичари, но наведе дека атлетичарите кои ќе докажат дека се „чисти“ и дека не користеле допинг, ќе можат да се натпреваруваат во Рио де Жанеиро.

Ова значи дека атлетичарите кои биле надвор од државата и кои ќе можжат да докажат дека биле тестирани во други лаборатории ќе можат да учествуваат на ОИ.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП