2 јули, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАБизнис климата во Германија се подобрува во јуни

Бизнис климата во Германија се подобрува во јуни

biz klima 35

Бизнис климата во германската индустрија и трговија изненадувачки се подобрува во јуни, покажува истражувањето на минхенскиот Институт за економски истражувања (Ifo). Индексот се зголемува од 107,7 поени во април до 108,7 поени. Тоа е највисока вредност од ноември 2015-та година.

Економистите очекуваа пад на вредноста до 107,4 поени. Всушност има подобрување и во оценката за актуелната ситуација, и во очекувањата за наредните неколку месеци.

Резултатите се базираат на истражувањето пред референдумот во Британија, на кој мнозинството во Велика Британија го поддржа излегување од Европската унија. Истражувањето е меѓу околу 7 илјади компании.

Во сферата на производството компаниите искажуваат поголемо задоволство од актуелната ситуација, а нивните очекувања се оптимистички за прв пат од јануари наваму, се набљудува и растот кај нарачките. Особено подобрување на ставовите има кај производителите на стоки за широка потрошувачка. Сепак околу една третина од компаниите во производствениот сектор стравуваат дека евентуалното излегување на Британија од ЕУ ќе има негативно влијание.

Во трговијата на големо бизнис климата се подобрува и оценката за актуелната ситуација расте до највисокото ниво од февруари 2012-та година. Кај малопродажбата индексот се намалува, но останува над долгорочниот просек за вредноста. И оценката за сегашните услови, и очекувањата за следните месеци се влошуваат.

Во областа на градежништвото рекордот, достигнат во мај, е надминат во јуни, а задоволството од актуелната ситуација ги достигнува највисоките нивоа од обединувањето на Германија. Очекувањата сепак малку се влошуваат.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП