26 мај, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАКинеските банки отпишале 300 млрд долари лоши кредити

Кинеските банки отпишале 300 млрд долари лоши кредити

kina-kina-juani

Кинеските банки отпишаа ненаплатливи кредити во вредност од 300 милијарди долари во изминатите три години, изјави денес член на Кинеската банкарска регулаторна комисија, Ванг Шенгбанг.

Кинеските државни банки, како што додаде, се сооочија со константен раст на нивото на ненаплатливи кредити во изминатите четири ипол години, за на крајтот на март да достигнат удел од 1,75 проценти во вкупниот кредитен пласман, пренесува агенцијата Франс прес.

„Актуелните податоци покажуваат дека работењето на банкарскиот сектор е стабилно и дека ризиците се под контрола. Комисијата однапред презема мерки за претпазиливост, а во 2011 година кога економијата беше во циклус на напредок, им наложи на банките на страна да остават дополнителни средства, така што бевме во состојба да се прилагодиме на големиот отпис кога економијата влезе во циклус на опаѓање“, изјави Шендбанг.

Описот на ненаплатливи кредити, како што оценува агенцијата Франс прес, е дел од настојувањата на официјален Пекинг да ги увери инвеститорите дека Кина е во состојба да се избори со растечкиот товар од долгот.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП