22 април, 2025
ПочетнаЕКОНОМИЈАБританското излегување од ЕУ ги потресе пазарите на обврзници во еврозоната

Британското излегување од ЕУ ги потресе пазарите на обврзници во еврозоната

berza brexit 33

Вложувачите денеска нагло го зајакнаа купувањето на германските државни обврзници со највисок инвестициски рејтинг, а ги продаваа должничките хартии од вредност на земјите од јужна Европа со низок инвестициски рејтинг, откако Британците на референдумот во четвртокот одлучија да излезат од Европската унија, предизвикувајќи го најголемиот шок на пазарите од кризата во 2012-та година.

Приносите на 10-годишните германски државни обврзници, показатели на трошоците на задолжувањето, потонаа повеќе од четвртина процентен поен, на рекордни минус 0,17 отсто, и на добар пат се да забележат најголем пад од врвот на кризата во еврозоната во август 2012-та година.

Приносите на двегодишните и петгодишните германски државни обврзници, исто така, се спуштија на рекордно ниско ниво, од минус 0,70 отсто, односно 0,63 отсто.

Наспроти тоа, утрово приносите на 10-годишните шпански и италијански обврзници пораснаа за 0,2 процентни поени и изнесуваа 1,69, односно 1,53 отсто. Приносите на португалските државни обврзници скокнаа за 0,45 процентни поени, на 3,57 отсто.

Исходот од британскиот референдум е спротивен на очекувањата на финансиските пазари и на трговците, и претставува удар за европскиот проект на поголемо единство, па се очекува дека финансиските функционери ќе интервенираат за да ги стабилизираат пазарите.

Цените на пазарите на пари наведуваат на заклучокот дека Европската централна банка (ECB) најдоцна до септември ќе ги намали клучните каматни стапки, а шансите дека тоа ќе го стори уште на следниот состанок во јули се проценуваат на 60 отсто.

„На европскиот континент мораме да се подготвиме за сериозни секундарни ефекти на оваа одлука. Шокот предизвикан од одлуката за излегување на Британија од ЕУ, последичната неизвесност и веројатните превирања на пазарите, исто така, ќе го придушат растот во еврозоната во преостанатиот дел од годината“, смета Холгер Шмјединг, главен економист на лондонската банка „Berenberg Bank“.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП