24 април, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАБританскиот премиер Камерон поднесе оставка по резултатите од Brexit

Британскиот премиер Камерон поднесе оставка по резултатите од Brexit

дејвид-бри

Британскиот премиер Дејвид Камерон во петокот утрото поднесе оставка по резулатите од референдумот за иднината на Велика Британија во ЕУ, на кој 52 проценти од Британците се изјаснија за напуштање на Унијата, пренесуваат светските медиуми.

„Волјата на британскиот народ е наредба којашто мора да се исполни“, изјави Камерон, додавајќи дека е подготвен да остане на премиерската функција до есен, но дека истовремено смета оти „не би било правилно да биде тој што ќе ја води земјата кон следната дестинација“.

Британскиот премиер во заминување додаде дека веќе разговарал со Кралицата Елизабета Втора околу неговите планови и дека се уште не е подготвен да го активира членот 50 од Лисабонскиот договор, со што би започнал двегодишниот процес на повлекувањето од ЕУ. „Горд сум на тоа што бев премиер на оваа земја во последните шест години“, рече Камерон.

Лидерот на Партијата за независноста на Обединетото Кралство (UKIP) и предводник на кампањата за напуштање на ЕУ, Најџел Фараж претходно во петокот го повика Камерон да поднесе оставка, порачуајќи дека на Британија и треба „премиер за Brexit“.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП