2 мај, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАХрватите месечно во просек заработуваат 750 евра

Хрватите месечно во просек заработуваат 750 евра

1181943539576bf5add74fb114841407_w640

Просечната нето плата во Хрватска исплатена за месец април оваа година изнесувала 5.633 куни (749) евра, покажуваат прелиминарните податоци на Државниот завод за статистика.

Априлската нето плата беше номинално пониска за 1,5 проценти во однос на март, додека во споредба со истиот месец минатата година, номинално беше повисока за 0,7 проценти, пренесува агенцијата Хина.

Просечната бруто плата исплатена во Хрватска за месец април изнесувала 7.688 куни (1,022 евра). Тоа е номинално за 1,8 проценти помалку во однос на просекот во март, но за 0,9 проценти повеќе од просечната бруто плата исплатена за април минатата година.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП