3 јули, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАS&P: Британскиот рејтинг „ААА“ нема да се одржи по Brexit

S&P: Британскиот рејтинг „ААА“ нема да се одржи по Brexit

brii33

Рејтинг агенцијата „Standard and Poor’s“ (S & P), предупреди дека Британија може да го загуби екслузивниот рејтинг „AAA“, откако гласачите го претпочитаа заминувањето од Европската унија (Brexit), соопштува „Ројтерс“.

„Сметаме дека рејтингот „ААА“ нема да се задржи долго под овие услови“, коментира кредитниот аналитичар на „S & P“, Мориц Крамер.

Рејтинг агенциите „Moody’s“ и „Fitch“ веќе му го ускратија на кралството од негуваниот рејтинг „ААА“, многу пред кампањата за референдумот да започне.

„Moody’s“ порано ја предупреди Велика Британија за континуирана несигурност при „Brexit“ што ќе предизвика тешки кредитни ризици пред бизнисот во земјата. Според агенцијата за рејтинг процесот на официјално излегување на земјата од ЕУ ќе трае повеќе од две години.

Агенцијата потсетува дека при „Brexit“ за британските компании ќе се применуваат вообичаените тарифи на ЕУ за увоз. Значителни ќе бидат и регулаторните промени. Тешко ќе бидат погодени и секторите кои се потпираат на работна сила од странство.

Придружните опасности вклучуваат слабеење на валутата на Островот и загрозување на нејзиниот статус на резервна валута. Фунтата е во редот по доларот и еврото во резервите на централните банки и е симбол на наследството на огромната британска економија и нејзиниот сигурен правен систем.

Откако последните податоци покажуваат надмоќ за случување на „Brexit“, британските пари забележаа рекорден пад во однос на доларот, па курсот слезе до најниско ниво од 1985-та година.

Над 10 отсто пад за време на азиската трговија навестува најлош ден за валутата во нејзината историја. Падот е посериозен во споредба со т.н. „Црна среда“, кога фунтата поевтини за 4,1% во однос на доларот. Тоа беше претходниот најголем пад во курсот на британските пари и се случи кога Лондон го напушти валутно-курсевиот механизам.

На среден рок компаниите можат да ги скратат капиталните инвестиции, бидејќи нема да знаат како да се инвестира во новата средина.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП