Најновата обврзница (РМДЕН15) во четвртокот, трет ден по ред, беше лидер според прометот на Македонската берза за хартии од вредност.
Речиси 85 отсто од вкупниот промет беше направен со РМДЕН15, при што 388.098 лотови се истргуваа по цена од 92,5 отсто, односно во апсолутен износ 22 милиони денари.
Кај тргувањето со акциите вообичаена слика и промет од 4 милиони денари остварен преку 26 трансакции, додека тргување имаше со 13 хартии од вредност.
Милионери на денот беа акциите на НЛБ Банка (1,43), Макпетрол (1,11) и Осигурително брокерско друштво Нов осигурителен брокер (1,06).
По подолго време пауза, во четвртокот повторно се тргуваше со акциите на Лотарија на Македонија (ЛОТО) при што се истргвуаа 50 лотови по цена од 94 денари (-6 отсто).
Втора според процентот на намалување на вредноста беше акцијата на Макпетрол (МПТ) со истргувани 60 лотови по просечна цена од 18.540,98 денари и намалување на претходната просечна цена од 4,49 отсто.