22 мај, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАВелика Британија ја напушта ЕУ

Велика Британија ја напушта ЕУ

бри-изл

Иако не се пребројани сите гласови на британскиот референдум, готово е сигурно дека Британците донеле одлука да ја напуштат Европската унија (ЕУ). BBC и Sky News уште од 5.00 часот утринава прогласија победа на опцијата која се залагаше за тоа Лондон да го напушти „друштвото на европските народи“.

Според прогнозите на истите извори 52 отсто од Британците гласале Лондон да ја напушти ЕУ и дека оваа бројка ќе остане бидејќи не се очекува да дојде до некакви драматични промени во финалното пребројување на гласовите.

На референдумот излегле речиси 72 отсто од жителите на Велика Бротанија, околу 15 милиони гласале Велика Британија да излезе од ЕУ, а подржувачите на ЕУ добиле околу еден милион гласови помалку.

Инаку, според претседателот на Европската народна партија, водечката партија на десниот центар во Европскиот парламент, Манфред Вебер, се очекува Велика Британија во наредните две години целосно да излезе од ЕУ.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП