17 мај, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАЦените на нафтата кон 51 долар

Цените на нафтата кон 51 долар

nafta 56

Цените на нафтата скокнаа во четвртокот на меѓународните пазари кон нивото од 51 долар, бидејќи вложувачите се надеваат оти Британците на референдумот сепак ќе изгласаат останување во Европската унија, што во втор план го потисна извештајот за слабиот пад на резервите во САД.

На лондонскиот пазар цената на барелот се зголеми за 79 центи во однос на затворањето на тргувањето во средата и изнесуваше 50,67 долари. На американскиот пазар, пак, со барелот се тргуваше по 71 цент повисока цена од претходниот ден, од 49,84 долари.

Организацијата на земјите извознички на нафта (OPEC) објави дека референтната цена на барелот од кошничката нејзина нафта во средата изнесувала 46,46 долари, што значи дека пораснала за 44 центи во однос на претходниот трговски ден.

Светските пазари, вклучително и пазарите на стоки, со седмици се на игли во очекување на исходот од референдумот на кој Британците одлучуваат за членството на нивната земја во ЕУ. Повеќето од гласовите треба да бидат преброени во раите утрински часови од четвртокот кон петокот.

„Повеќето учесници на пазарот веќе заземаа позиции пред референдумот или ги очекуваат конечните резултати“, констатира Ханс ван Клееф од холандскиот „ABN Amro“.

Некои од анкетите објавени во средата вечерта покажаа дека повеќето гласачи би се изјасниле за останување во ЕУ. Тоа фунтата ја турна на највисокото ниво во оваа година во однос на доларот, додека водечките британски индекси скокнаа на највисоките нивоа во последните два месеца.

Доколку Британците одлучат да останат во Унијата, фокусот на пазарите ќе се пренасочи на базичните фактори, како што се понудата и побарувачката.

Во таквата атмосфера вложувачите го пренебрегнаа извештајот на американската влада за неочекувано скромниот пад на резервите на нафта на САД во текот на минатата седмица за само 917.000 барели. Аналитичарите во анкетата на Reuters очекуваа пад од 1,7 милиони барели.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП