24 мај, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАЦентралната банка на Норвешка ја остави каматната стапка на рекордно ниски 0,5%

Централната банка на Норвешка ја остави каматната стапка на рекордно ниски 0,5%

nor banka 33

Централната банка на Норвешка ја остави без промена референтната каматна стапка, која е на рекордно ниско ниво, во позадина на сигналите дека економијата на најголемиот производител на нафта во Западна Европа ќе се извлечеше со рецесијата благодарение на рекордните буџетски и парични стимулации, пренесува „Bloomberg“.

Каматната стапка беше оставена на ниво од 0,5%, како што прогнозираа 14 од вкупно 15 анкетирани од агенцијата економисти. Банката ја зголеми прогнозата за каматата на долг рок, додека навести дека може да ја намали уште еднаш оваа година.

„Се уште постојат изгледи дека главната камата може да биде намалена во текот на годината“, коментира Гувернерот Ојстен Олсен.

Иако настрада од ниските цени на нафтата, Норвешка успеа да го избегне воведувањето на негативните камати и неконвенционални мерки на монетарната политика, кои се забележани на друго место. Владата троши рекордно многу од своите приходи генерирани од продажбата на нафтата, а намалувањето на каматите во последниве години доведоа до поевтинување на круната што им помага на извозниците надвор од нафтениот сектор.

Клучни индикатори сведочат дека дното за економијата можеби е постигнато, а економијата изгуби илјадници работни места во нафтената индустрија. Последните податоци од средата покажуваат дека невработеноста е 4,6% во април во однос на очекувањата за 4,7%.

Во интервју во средата премиерот Хернан Солберг изјави дека економијата на Норвешка покажува некакви позитивни знаци и дека невработеноста се движи малку надолу. Таа, сепак, предупреди дека развојот е кревок.

Од јануари круната поскапе паралелно со нафтата, па валутата ја зголеми вредноста со 3 отсто до околу 9,34 круни за едно евро, додека сортата Брент поскапе за 80% за истиот период.

Централната банка ја задржи непроменета прогнозата за растот од 0,8% во 2016-та година, но недооценените очекувања за 2017-та година до 1,6% од претходните 1,8%.

„Растот на норвешката економија најверојатно ќе остане слаб во краткорочен период, иако растот на цените на нафтата може да ја намали несигурноста и до одреден степен да ја зголеми побарувачката“, гласи мислењето на банката.

„Ако силниот пораст на цените на куќите продолжи, ранливоста на домаќинствата може да се зголеми. За одреден период инфлацијата е над 2,5%, но слабиот раст на платите и поскапата круна ќе доведат до слабеење на инфлацијата“, пишува во соопштението.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП