30 април, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАРусија: Брегзит нема да не потресе

Русија: Брегзит нема да не потресе

3601713576bd7ba4e4be598187007_w640

Рускиот министер за економија Алексеј Улјукајев прогнозираше денес побрз пад од очекуваниот на инфлацијата во Русија.

Не давајќи прецизна прогноза за инфлацијата, Улјукајев во обраќањето до новинарите во престолнината на Узбекистан, Ташкент, изјави дека граѓаните сега се посклони на штедење, што ја намалува побарувачката на потрошувачите, пренесува британската агенција Ројтерс.

Руската државна банка VEB, како што додаде, во најбрз рок ќе донесе одлука за продажбата на компанијата Gasprom ADR.

„Одлуката ќе биде донесена наскоро“, најави Улјукајев, пренесува руската агенција Тас.

Рускиот министер за економија исто така изјави дека не очекува драстични промени на курсот на рублјата и цената на кафето доколку Британија излезе од Европската унија – „Излезот на Велика Битанија од ЕУ нема да не потресе“.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП