24 мај, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАМеѓународните банки во Лондон го гледаат Франфурт како алтернатива при Brexit

Меѓународните банки во Лондон го гледаат Франфурт како алтернатива при Brexit

berza frank53

Меѓународните банки се насочуваат кон отворање на канцеларии во Франкфурт поради нивните стравувања дека ќе им се наложи да ги пренасочат некои од европските операции надвор од Лондон, ако Велика Британија одлучи по денешниот референдум да ја напушти Европската унија (ЕУ).

Лондон е омилената европска локација за европскиот финансиски бизнис, вклучувајќи и за деноминирани операции во евра, иако Велика Британија не е членка на еврозоната. Земјата досега успешно ги отфрлаше обидите на Европската централна банка (ЕЦБ) да го наложи еврото како основна валута на клириншки куќи надвор од еврозоната. Токму членството на Велика Британија во ЕУ одигра централна улога за тоа.

Тарек ал-Уазир, министер за економија на Хесен, истакнува дека веќе неколку меѓународни банки испратиле барања за канцеларии во последните два месеци, во времето на активната кампања пред референдумот на Островот. Тој, сепак, не коментира колку точно се барањата и за кои банки станува збор.

Според запознаен извор станува збор за речиси 12 банки, главно американски и швајцарски. Еден од доверителите дури е прилично во напредна фаза со подготовките за отворање на застапништво во Франкфурт.

Изворот наведува дека во случај на „Brexit“ две од банките планираат да преселат стотици работни места од Лондон до Франкфурт.

Уазир наведува дека многу од Британците си прават илузии за тоа што би било, ако нивната земја не е членка на ЕУ.

„Тие не сфаќаат дека не само банките, туку многу други бизниси се прашуваат каде на друго место би можеле да одат“, коментира тој.

Во случај Велика Британија да одлучи да ја напушти ЕУ, тоа како ќе се движи бизнисот зависи во голема мера од Лондон и Брисел. Конкурентските финансиски центри на Лондон веќе ги чувствуваат бенефициите, ако компаниите базирани на Островот одлучат да си заминат.

Некои банкари во Лондон изразуваат скептицизам за преместување на работни места во насока Франкфурт, бидејќи германскиот град е помал во споредба со британската престолнина и не располага со толку квалификувана работна сила. Покрај тоа германските закони за работни односи се доста рестриктивни, кога станува збор за намалување на персонал.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП