8 мај, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАГрафик на денот: Њујорк е најдобриот град за жени претприемачи

График на денот: Њујорк е најдобриот град за жени претприемачи

z pretpriemaci 00

Њујорк ја предводи листата на градовите кои најмногу ги привлекуваат и поттикнуваат бизнис потфатите на жените, покажува истражувањето на „Dell“, пренесе „CNN“.

Студијата рангираше 50 града во светот според пристапот до капитал, технологија, култура и пазари. По Њујорк, Сан Франциско, Лондон, Стокхолм и Сингапур се рангираат во топ 5 на листата за места во кои жените имаат најдобри услови за водење бизнис.

Иако Њујорк е број еден според „Dell Women Entrepreneurs Index“, градот има само 58,6 од вкупно 100 поени во анализираните категории. Тоа е затоа што Њујорк е оценет на прво место по пристап до капитал и пазари, но ја зазема 17-та позиција на пример во технолошката категорија која мери колку жените во бизнисот користат интернет и паметни уреди за трансакциите.

z pre3

Токму високите трошоци и отежнатиот пристап до технологии влијаат негативно на рејтингот на Њујорк. Излегува дека технологијата чини помалку и се повеќе е достапна во Азија и во европските градови.

Во топ 10 се наоѓаат уште Торонто, Вашингтон, Сиднеј, Париз и Сиетл. Истанбул е единствениот балкански град во листата, кој ја зазема 25-та позиција.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП