12 мај, 2024
ПочетнаАВТОБИЗSubaru започнува производство на голем SUV

Subaru започнува производство на голем SUV

Autodesk VRED Design 2016 SP3

Компанијата „Subaru“ започнува со производството на нов теренец со 7 седишта, кој ќе се нуди само на пазарот во САД. Големиот „SUV“ ќе се составува во фабриката на брендот во државата Индијана.

Идеолошки новиот модел со 3 реда седишта ќе стане наследник на „Subaru Tribeca“, чие производство беше запрено во 2014-та година. На некои пазари овој кросовер се уште доаѓа со 3,6-литарски бензински мотор кој развива моќност од 258 КС.

Целта на новиот „SUV“ е да ги задоволи потребите на американските клиенти од големи теренци. Затоа и шансите на моделот да биде предложен на други пазари се илузорно. Се очекува машината да го добие дизајнот на концептот „VIZIV Future“ (на сликата) прикажан на автосаемот во Токио во есента минатата година.

Засега нема официјална информација за погонските агрегати на новиот модел. Најверојатно освен бензински верзии, тој ќе добие и хибридна варијанта, која ќе биде идентична со онаа на серискиот „Subaru XV“.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП