1 мај, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАПотребни се итни мерки во САД - „Полоши се од Германија“

Потребни се итни мерки во САД – „Полоши се од Германија“

1380745918576ad08e9cb39689787007_w640

Соединетите Американски Држави мора да преземат итни мерки во борбата против сиромаштијата и социјалната нееднаквост, предупредува ММФ.

Сиромаштијата и нееднаквоста се закануваат да ја загрозат економската иднина на земјата, се наведува во објавениот годишен извештај на Меѓународниот монетарен фонд (ММФ).

ММФ во извештајот ја намали прогнозата за овогодишниот раст на бруто домашниот производ на најмоќната светска економија на 2,2 проценти, во однос на претходните 2,5 проценти предвидедни во април, кои и понатака се очекуваат во 2017 година.

Со оглед на трендот на глобалната дефлација, растот на каматните стапки во САД би требало да биде забрзан, а ФЕД е подготвена на привремен пораст на инфлацијата од моменталните 1,1 проценти на повеќе од два проценти, наведува ММФ.

„Американската економија генерално е во добра состојба, но пред неа се крупни долгорочни предизвици, како падот на стапката на невработеност и растот на социјалната нееднаквост и сиромаштијата “, изјави директорката на ММФ, Кристин Лагард

Таа додаде дека САД мораат да преземат итни мерки со цел намалување на сирмаштијата, со цел да не дојде до пад на стапката на економскиот раст и животниот стандард на населението.

Во извештајот на ММФ се наведува дека американската средна класа е најслаба во последните 30 години поради нерамномерната распределба на богатството, а 46,7 милиони Американци живеат во сиромаштија, иако 40 проценти од нив се вработени.

ММФ предложи подобра распределба на приходите од данок и зголемување на минималната цена на труд, која во моментов изнесува 7,25 долари по работен час.

Според прогнозите на ММФ, растот на невработеноста ќе продолжи во текот на наредните години, но може да биде ублажен со поттикнувачките мерки за вработување на жени и со реформирањето на миграционата политика, која би се засновала на квалификуваноста на мигрантите.

Во извештајот се наведува дека е неопходно итно да се зголемат инвестициите во сообраќајната инфраструктура, чиј квалитет е далеку под стандардот на Германија и Јапонија, а поблиску е до нивото на Кореја.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП