22 април, 2025
ПочетнаЕКОНОМИЈАБританците засилено купуваат долари и евра пред референдумот

Британците засилено купуваат долари и евра пред референдумот

various currencies

Британците кои наскоро имаат намера да патуваат во странство засилено купуваат странски валути, бидејќи владее несигурност по прашањето за курсот на фунтата, пред да бидат соопштени резултатите од референдумот за излезот на Велика Британија од Европската унија.

Британскиот Post Office, кој спроведува една од четирите трансакции со странски валути во Британија, објави во средата дека продажбата на странски валути од минатиот викенд за 74 отсто во однос на истиот лански период. Притоа продажбата во филијалата пораснала за 49, а онлајн за дури 381 отсто.

Во август минатата година курсот на британската валута изнесувал 1,42 евра, за минатата седмица да падне на 1,26 евра. Но последните денови расте, па во средата достигна 1,30 евра.

Меѓутоа, доколку Британците на референдумот изгласаат излегување на земјата од ЕУ, фунтата како што се проценува би можела остро да падне.

Неодамна инвестициската банка Goldman Sachs порача дека во случај Британија да излезе од ЕУ, фунтата може да загуби на вредноста и до 20 отсто.

За зголемено купување странски валути извести и FairFX, компанија специјализирана за припејд валутни картички на кои однапред можете да положите пари по моменталниот курс.

Оваа компанија вели дека многу Британци кој идните седмици патува во Европа или во САД купуваат евра и долари, како би осигуриле средства по курсот пред референдумот.

FairFX соопшти дека износот на доларите положени на картичка на нивните клиенти оваа седмица е зголемен за речиси 300 отсто во однос на минатата седмица. Во истиот период износот на положени евра на припејд картичките пораснал за повеќе од 100 отсто.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП