24 април, 2025
ПочетнаЕКОНОМИЈАСловенија бара работници, најниска плата е 784 eвра

Словенија бара работници, најниска плата е 784 eвра

LJU1_1_Ljubljana

Словенечките работодавци моментално нудат повеќе од 400 слободни работни места за келнери, возачи на камиони, неквалификувани работници за работа во индустријата на едноставни работи, т.е. чистачи и хигиеничари, а од стручните занимања барани се електроинсталатери, металостругари и заварувачи.

Минималната плата во Словенија изнесува 784 евра, што значи дека тоа е најмалата сума која може да се заработи на било кое работно место. Доколку на тоа, во случајот со келнерите, се додаде и бакшишот, многу е јасно дека сумата која може да се заработи е одлична.

Бројот на невработени во Словенија, според Државниот завод за вработување, во мај од оваа во однос на истиот месец од минатата година е намален за девет отсто.

Кон крајот на мај во евиденцијата беа пријавени 102.000 луѓе кои бараат работа, што е три отсто помалку во однос на април и дури девет проценти помалку во споредба со мај 2015-та.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП