18 мај, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАЗалудните илузии на еврото

Залудните илузии на еврото

efrici00

Едно време имало една валута, наречена евро, која сакала да го надмине доларот од неговиот статус на најраспространета резервна валута во светот. Наместо тоа заедничката европска валута се избира поретко како резервна. И додека европските банки ја намалуваат трговската активност, улогата на еврото на глобалната сцена може да стане уште помала, коментира „BloombergView“.

Пред речиси една деценија „Deutsche Bank“ предвидуваше дека еврото може да придонесе за околу 40% од глобалните девизни резерви. Наместо тоа новиот извештај на Европската централна банка покажуваат дека секоја година валутата се користи се помалку и дека е под 20% кон крајот на минатата година.

efrici01

Еврото останува втората најкористена валута за меѓународни плаќања, но нејзиниот удел во вкупните трансакции се намали до 31,47% од 33,53% во почетокот на 2014-та година, покажуваат податоците собрани од „Society for Worldwide Interbank Financial Telecommunication“. За споредба, кинескиот јуан го достигна петтото место од седмото и покрај својот удел од само 1,76%.

Друга потенцијална закана на хоризонтот пред еврото е британското гласање на 23-ти јуни за членството на земјата во Европската унија. Британија доминира на девизниот пазар со 41% од целата валутна трговија, покажува неодамнешна извештај на „Bank for International Settlements“. Тоа е над двојно повеќе од 19-процентно учество на САД, како и доста повеќе од Сингапур, кој е на третото место со 5,7%.

Но ако Британија се одлучи за излез од ЕУ, можноста на лондонските трејдери да тргуваат со обврзници деноминирани во евра ќе исчезне – пазарот на каматни свопови, на пример, веројатно ќе се насочи кон Париз. Во исто време апетитот кон трговија со самата валута исто така ќе се намали. И иако дел од овој чисто монетарен бизнис ќе го премине Ла Манш заедно со обврзниците, друг дел од него најверојатно ќе исчезне засекогаш.

Најголем ризик за позицијата на еврото, сепак е немилосрдната контракција на Европските инвестициски банки. Во почетокот на деценијата, на пример, „Deutsche Bank“ контролира над 18% од девизниот пазар, а „Barclays“ има над 11%. Овој однос се намалува соодветно до 7,9% и 5,7%, покажува последното истражување на пазарот на „Euromoney“.

efrici02

Иако американските банки исто така тргуваат со евра, очигледно е дека додека европските компании стануваат се помалку активни на девизниот пазар, нивните локални валути веројатно исто така ќе бидат купувани и продавани со помала активност. Британската фунта, на пример, исто така губи позиции, а податоците на „Swift“ покажуваат дека нејзиното присуство во глобалните плаќања е намалено до 8,78% од 9,37% во последните две години. Швајцарскиот франк, за разлика од фунтата предвид скромен раст до 1,52% од 1,38%, додека уделот на „UBS“ во девизниот пазар се опорави до 8,8% од 7,3% пред една година.

За да имаш успешна валута, мора нешто повеќе отколку само да се фалиш со неа. Иако е невозможно да се измери ликвидноста на доларот (или еврото), кредитната криза не научи дека кога трговијата ќе пресуши, финансискиот систем страда несразмерно. За жал на еврото, доказите сугерираат дека опстанокот во егзистенцијалната криза во последните неколку години не му помогна на никаков начин за зајакнување на глобалната популарност.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП