6 мај, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАОбврзниците повторно најбарани

Обврзниците повторно најбарани

makedonska-berza

Вкупниот промет на МСЕ во средата изнесуваше 32,9 милиони денари и беше реализиран преку 79 трансакции.

Обврзниците учествуваа со 78 отсто во прометот денес, при што тргување имаше само со РМДЕН15 каде 450.013 лотови се истргуваа по цена од 92,50 отсто од номиналната.

Кај тргувањето со акциите промет, над милион денари остварија НЛБ Банка (2,79), Алкалоид (1,49) и Комерцијална банка (1,31).

Добитник на денот беше акција на Арчелор Митал со раст на цената од 14,29 отсто, при што се истргуваа 1.100 лотови по цена од 8 денари по акција.

На спротивната страна беше акцијата на Факом Скопје со пад на цената од 23,21 проценти и 10 истргувани лотови по цена од 5.530 денари.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП