26 април, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАОтворен Центар за сензорна терапија за лица со аутистичен спектар во Скопје

Отворен Центар за сензорна терапија за лица со аутистичен спектар во Скопје

сензорна

Во Скопје, во среда, се отвори Центар за сензорна терапија за деца со аутистичен спектар на нарушувања кој што отвора нови можности и перспективи за децата со аутизам и нивните родители.

Имено, центарот кој што е дел од здружението „Во мојот свет“ во населбата Аеродром беше отворен под покровителство на сопругата на претседателот Ѓорѓе Иванов, Маја Иванова, а со финансиска помош на Амбасадата на Република Бугарија во Македонија.

„Мојата соработка со здружението „Во мојот свет“ трае веќе неколку години и денеска центарот ги отвора вратите за сите лица со аутизам, а посебно за децата со аутизам. Нашата цел беше да се обезбедат што посовремени и подобри третмани и терапии за децата со аутизам во Македонија. Сметам дека сите треба колку што можеме да помогнеме на ранливите, различните, а сепак еднакви категории граѓани во нашето општество“, изјави Иванова.

Успешната реализација на ваквиот капацитет е поткрепена и со донации од бизнис заедницата, каде што како еден од клучните донатори е и компанијата VIVAX која што придонесува овој капацитет да поседува поволни услови преку донација на два телевизори со кое што се овозможува секое дете да се чувствува комфорно и опкружено со позитивна енергија.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП