23 мај, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАЕК дистрибуира нови 200 милиони евра за помош на бегалците

ЕК дистрибуира нови 200 милиони евра за помош на бегалците

begal3

Европската унија одобри нов пакет помош од над 200 милиони евра за поддршка на 1 милион бегалци од Сирија, Турција, Јордан и Либан, соопшти Европската комисија (ЕК).

Во одговор на сириската криза, ЕК објави проекти во вредност од над 200 милиони евра за поддршка на бегалците по линија на регионалните фондови на ЕУ за трети земји.

Средствата беа одобрени за време на четвртиот состанок на Европскиот регионален доверителски фонд основан за помош на погодените земји од сириската криза. На средбата учествуваа претставници на ЕК, членови на ЕУ, претставници од Јордан, Либан и Турција, како и меѓународни финансиски институции.

„Фондот овозможува да обезбедиме брза и ефикасна помош на сиромашните. Само за една година Фондот собра над 730 милиони евра од земји-членки на ЕУ, од европскиот буџет и Турција. Помошта е наменета за милионите бегалци надвор од камповите кои живеат во градовите во Турција, Јордан и Либан. Сакаме да постигнеме сите деца бегалци да бидат во училиштата од наредната година“, рече комесарот за проширување и односите на добрососедство Јоханес Хан.

Новиот пакет помош е уште еден чекор кон исполнување на ветеното од ЕУ на конференцијата „Поддршка за Сирија и регионот“, што се одржа порано во текот на годината во Лондон, имено треба да бидат обезбедени над 3 милијарди евра во 2016-та година за сирискиот народ и соседните земји погодени од бегалската криза.

Од новиот пакет 165 милиони евра се наменети за Турција во поддршка на образованието за сириските државјани, како и за подобрување на пристапот до вода во јужна Турција.

Други 21 милиони евра ќе бидат обезбедени во форма на итна помош за подобрување на мрежите за водоснабдување во Јордан.

Уште 15 милиони евра се распределени за Агенцијата на ОН за помош на палестинските бегалци во Блискиот Исток (UNRWA) за образовни услуги и парична поддршка на палестинските мигранти од Сирија, кои сега избегале во Либан и Сирија.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП