1 јули, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАПродажбата на мало во Канада во април оствари раст над очекувањата

Продажбата на мало во Канада во април оствари раст над очекувањата

kazname 33

Во април продажбата на мало во Канада забележа раст над очекувањата и дава основа за оптимистички прогнози за БДП-то во овој месец.

Продажбата на мало порасна за 0,9% на месечна основа, а прогнозите беа за зголемување од 0,8 отсто. Во март беше запишан пад од 0,8%, што беше најостра контракција по шест месеци.

Основните продажби, кои ги исклучуваат автомобилите и деловите се зголемуваат за 1,3% во четвртиот месец од годината во позадина на очекувањата за 0,7% раст.

Добрите податоци за трговијата на мало го поддржаа канадскиот долар, кој се тргува со 0,5% зголемување до 1,2754 канадски долари за американски долар.

„WBPonline“ нагласува дека растот се базира на пресметки со вредноста, а не со обемот на продажбите, кое го ограничува потенцијалниот придонес кон месечните податоци за БДП-то.

Основниот катализатор на растот е скапиот бензин, па бензинските пумпи предвидоа раст во продажбата од 6%. Ова е прв раст по 10 месеци.

Доколку се исклучи продажбата на бензин, продажбата на мало порасна за само 0,4% во април.

Канаѓаните се повеќе трошат за мебел, а продажбата на овие специјализирани продавници растат за 6,1 отсто.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП