9 мај, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАПросечната нето-плата во април e 22.356 денари

Просечната нето-плата во април e 22.356 денари

denari 33004

Според податоците на Државниот завод за статистика, индексот на просечната месечна исплатена нето-плата по вработен, во април 2016-та година во однос на април 2015-та година, изнесува 102.8.

Ваквото зголемување е резултат, пред сé, на зголемувањето на просечната месечна исплатена нето-плата по вработен во секторите: Уметност, забава и рекреација (30.7%), Градежништво (12.7%) и Стручни, научни и технички дејности (12.1%).

Зголемување на просечната месечна исплатена нето-плата по вработен, во однос на претходниот месец, е забележано во секторите: Уметност, забава и рекреација (35.1%), Стручни, научни и технички дејности (8.8%) и Финансиски дејности и дејности на осигурување (5.0%).

Просечната месечна исплатена нето-плата по вработен во април 2016-та година изнесува 22.356 денари.

Во април 2016-та година, 1.3% од вработените во Република Македонија не зеле плата.

Според податоците на Државниот завод за статистика, индексот на просечната месечна исплатена бруто-плата по вработен, во април 2016-та година во однос на април 2015-та година, изнесува 102.7.

Ваквото зголемување е резултат, пред сé, на зголемувањето на просечната месечна исплатена бруто-плата по вработен во секторите: Уметност, забава и рекреација (29.1%), Градежништво (12.9%) и Административни и помошни услужни дејности (11.7%).

Зголемување на просечната месечна исплатена бруто-плата по вработен, во однос на претходниот месец, е забележано во секторите: Уметност, забава и рекреација (32.9%), Стручни, научни и технички дејности (7.1%) и Финансиски дејности и дејности на осигурување (3.9%).

Просечната месечна исплатена бруто-плата по вработен во април 2016-та година изнесува 32.794 денари.

Во април 2016-та година, 1.3% од вработените во Република Македонија не зеле плата.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП