За првпат од декември 2014-та година Сингапур е пред Тајланд во т.н. „Индекс на несреќата“, подготвен од „Bloomberg“. Тоа значи дека градот-држава може да се пофали со најниска комбинација на инфлација кај потрошувачките цени и невработеност во светот.
Последните податоци за „CPI“ во Сингапур предвидоа дефлација во износ од 0,5%, додека невработеноста според официјалните податоци е 1.9%. Ова му обезбедува на градот-држава резултат од 1.4% во „Индексот на несреќата“, во споредба со 1,5% за Тајланд и 2.9% за Јапонија, врз основа на најновите достапни податоци.
На спротивната страна Венецуела останува најнесреќна економија меѓу 70-те земји во светот, кои се вклучени во индексот од „Bloomberg“. Јужноамериканската нација во моментов се бори со трицифрена годишна инфлација која достигнува 180%.
Економистите прогнозираат забавување во растот на економијата на Сингапур во 2016-та година до 1,8%, откако таа се зголеми за 2% повеќе од минатата година. Тоа е поврзано со падот во регионалната трговија и забавувањето на растот на кинеската економија.
Од „Bloomberg“ не објавија за други промени во класификацијата, во споредба со податоците кои беа објавени во февруари. Тогаш тие покажаа дека меѓу 10-те најнесреќни економии има три балкански држави – Грција (3), Србија (6) и Турција (7). Кон нив се приклучува и Украина, која ја зазема петтата позиција во негативната листа.